Експерти од СЗО ќе го утврдуваат потеклото на коронавирусот во Кина

Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ги поминат следните два дена во Пекинг за да ги постават темелите за поголема мисија за истражување на потеклото на коронавирусот во Кина.

Ветеринар и епидемиолог ќе се обидат утре и задутре да ги утврдат обемот и задачите на идната мисија во Пекинг, со што ќе се утврди како вирусот преминал од животно на човек, се наведува во соопштението на СЗО.

Научниците веруваат дека вирусот потекнува од лилјаци, а потоа се проширил преку друг цицач кај луѓето на пазарот на свежа храна во Вухан минатата година.