Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека пандемијата на коронавирусот може да стане многу потешка доколку сите земји не ги следат основните здравствени мерки на претпазливост.
– Дозволете ми да кажам отворено – премногу земји одат во погрешна насока, вирусот останува јавен непријател број еден – нагласи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на видео брифинг во Женева.
– Ако не се следат основните правила, оваа пандемија ќе продолжи само на еден начин – ќе се влоши и ќе буде се полошо. Но, тоа не треба да се случи – рече тој.
Бројот на заразени со новиот коронавирус се искачи на повеќе од 13 милиони низ целиот свет до денеска. За само пет дена, бројот на случаи е зголемен за еден милион, а досега вирусот уби повеќе од половина милион луѓе.