„Би сакал да го поздравам извештајот за предвремените парламентарни и претседателские избори во Македонија од април оваа година. Изборите беа организирани и спроведени во добра и демократска атмосфера. Беа спроведени според изборното законодавство усвоен од пред изборите на база на меѓупартиски консензус. И власта и опозицијата го поддржа изборниот закон и беа дел од консултациите при измените. Како што и меѓународните набљудувачи забележуваат предизборниот процес и кампањата беа слободни и фер и кандидатите можеа слободно даводат кампања и ги презентираат своите програми. Денот на изборите како што оценија и меѓународните набљудувачи исто така беше слободен и демократски и изборите беа организирани професионално и ефективно,“ истакна Александар Николоски за извештајот на ПС на Совет на Европа за изборите во Македонија.
Тој понатаму додаде дека резултатите од изборите покажуваат дека Ѓорге Иванов беше реизбран за претседател, а Република Македонина со огромно мнозинство, исто така, ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите за Парламентот со големо мнозинство.
Понатаму во говорот се вели:
„Драги пријатели, би сакал да ве информирам дека новата Влада беше избрана и формирана од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски. Владата се залага за програмата претставена на изборите насочена кон економски просперитет и евроатлански интеграции, но исто така во неа се одразува разновидноста на македонското на општеството вклучувајки и Македонци и Албанци и сите етнички заедници кои живеат во Македонија во нејзиниот состав.
Драги пријатели, опозиционите Социјал Демократски Сојуз на Македонија губејќи ги овие избори и се соочени со проблематично водство одлучија да го бојкотираат новиот состав на Парламентот. Ова не е добро за земјата зашто е потребен Парламент, кој ќе работи кој ќе работи во полн капацитет со партиите и од власта и од опозицијата. Во тој контекст би сакал да ја поздравам декларацијата на Мониторинг Комитетот кој истакнува дека е загрижен од одлука на Социјалдемократскиот сојуз и ја повикува целосно да го остварат својот мандат и да се врата во Парламентот. Исто така ја поздравувам изјавата на комесарот за проширување Филе ој бара од опозицијата да се вратат назад во Парламентот.
Одлуката која ја објави дека пост- изборна мисија ќе ја посети Maceconia на 10 јули доставуваќи ја пораката до СДСМ дека не се согласуваат со нивната одлука и ги повикуваат да се врата во Парламентот. Пост-изборните мисијата од три истакнати членови на ПС на Советот на Европа Роберт Валтер известител за Македонија, Стефан Шенах Претседателот на Мониторинг Комиетот и Андреас Грос шеф на социјалистичката група се надевам дека ќе најде прием и разбирање во водството на СДСМ и ќе имаат успех.
Драги пријатели Премиерот Никола Груевски го покани лидерот на опозицијата. Средбата ќе се одржи утре со цел опозицијата да се врати во Прламентот. Се надеваме на успех и разбирање од СДСМ.
Драги пријатели, Македонија ќе остане целосно посветена на исполнување на сите други критериуми неопходни да имаме дури и подобри избори во иднина.“