Во Австрија нагло скокна бројот на заразени

Во Австрија во последните 24 часа забележан е драстичен пораст на бројот заболени од Ковид-19, на дури 133.

Најмногу од новозаболените се во Виена.

Во Долна Австрија се појави ново жариште, односно повеќе случаи во една кланица.

Во моментот во Австрија има 1.175 активно заболени.

Од нив 96 се во болница, 13 повеќе од вчера, а 10 се на интензивна нега.

Забележан е и еден смртен случај, па бројот на починати порасна на 710.

Во последните 24 часа направени се 7.512 тестирања.

Од почетокот на епидемијата во Австрија има 19.077 заразени, а 17.175 се излечија.