Ахмети: Ќе има големи преговори, Мала Речица ќе стане кaко Обединетите нации

Ќе има големи преговори. Ќе има големи преговарачки маси, Мала Речица ќе стане најпознатото место во регионот. Онака како што се случи пред 4 години, како да е организација на Обединети нации.

Вака Али Ахмети, лидерот на ДУИ одговори на прашањето од новинарот на ТВ 21: Што ќе се случи доколку СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ победат на изборите, и не прифатат Насер Зибери да биде премиер?