Корпорацијата „Твитер“ денеска соопшти дека го ограничила пристапот на Доналд Трамп Јуниор на корисничкиот профил на 12 часа, откако негова објава ја нарушила политиката за дезинформации за Ковид-19.
Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави видео во кое лекари разговараат за лекот хидроксихлорокин, кое компанијата го отстрани заради кршење на правилата за дезинформации за Ковид-19, објави „Ројтерс“.