Германија ја очекува вакцината за коронавирусот најрано кон средината на следната година

Германската министерка за наука Ања Карличек најави во средата дополнителни средства за компанииите кои работат на пронаоѓање вакцина против коронавирусот, но истовремено ги ублажи очекувањата дека вакцината би можела да биде горотва пред средината на следната година.

„Не смееме да очекуваме чуда и мораме да тргнуваме од тоа дека вакцината за пошироките слоеви на населението ќе биде подготвена најрано кон средината на идната година“, изјави министерката за наука и образование Ања Карличек, од Христијанско-демократската унија (CDU) по седницата на владата.

На владината седница е донесена и одлуката за финансиска помош за три компании кои работат на проаноѓањето вакцина, за што од посебна програма се издвоени 750 милиони евра.

Средствата треба да бидат поделени на компаниите „BioNTech“ од Мајнц, „CureVac“ од Тубинген и „IDT Biologika“ од Десау, кои ги препорача посебна стручна комисија. За возврат, германската влада очекува дека „соодветен дел од производството на вакцината“ ќе биде ставен на располагање на германските здравствени установи.

„На сите германски граѓани кои сакаат да бидат векцинирани, тоа ќе им биде овозможено“, додаде Карличек. Најави дека следната седмица ќе се водат „интензивни разговори“ со компаниите за да се дефинира распределбата на средствата.

Дополнителните средства, во прв ред, би требало да бидат искористени за згоелмување на производствените и капацитетит за спроведување на клиничките испитувања.

Една од компаниите кои ќе бидат субвенционирани, „CureVac“, во април се најде во фокусот на јавнсота откако беше откриено дека САД се обиделе со нудење голема сума да ја привлечат компанија во Америка и со тоа да обезбедат ексклузивно право на користењето на вакцината.

Подоцна од компанијата негираа дека наводно американскиот претседател Доналд Трамп со големи суми се обидел да ги преземе научниците кои работата на развојот на вакцина за новиот тип коронавирус Covid-19, и покрај средбата во Белата куќа. Тоа се случи кон средината на март кога претходно Европската комисија понуди 80 милиони евра финансика поддршка за германската биофармацевтска компанија „CureVac“ за забрзување на развојот и производството на вакцината против новиот тип коронавирус Covid-19.