(ВИДЕО) Црногорската опозиција слави победа: Ѓукановиќ нека ги пакува куферите!

Нека ни е среќна победата. Останете дома, има време за славење, 30 години го чекавме ова, ќе прославиме како што треба – рече  Милачиќ на прес-конференцијата во Црна Гора.

Мило Ѓукановиќ мора да прифати онака како што одлучи народот. Ова е најсилната победа во нашите животи, рече Марко Милачиќ, кандидат за пратеник од коалицијата „За иднината на Црна Гора“.

– Сакам од овде да го повикам Ѓукановиќ еднаш во животот да биде зрел човек, да биде нормален човек и ова да го прифати онака како народот го одлучи. Нека ни е среќна победата. Останете дома, има време за славење, 30 години го чекавме ова, ќе прославиме како што треба – рече  Милачиќ на прес-конференцијата во Црна Гора.

На новинарско прашање што ќе се случи ако до утре ДПС прогласи победа и каже дека може да формира влада, Милачиќ рече дека резултатите се потполно јасни.

– Нема да прогласи победа, резултатите се потполно јасни, слободна Црна Гора одлучи. Ѓукановиќ нека ги пакува куферите и во политичка и во секоја смисла – рече тој.