Повеќе луѓе се ранети во неделата рано утрото во Бирмингем во централна Англија, објави локалната полиција во неделата утрото, а истовремено весникот The Mirror јавива дека во саботата ноќта во лондонскиот кварт Бекслихт во напади со нож биле ранети пет лица, од кои едно потешко.
„Можеме да потврдиме дека половина час по полноќ бевме повикани поради напад со нож во центарот на Бирмингем“, објави во твит тамошната полиција.
„Веднаш одговоривме заедно со службата за итна помош. Повеќе напади со нож потоа се привамени во истата област“, се додава соопштението.
„Запознаени сме дека повеќе луѓе се ранети, но во овој момент не можеме да кажеме колку или која е тежината на повредите“, се додава во објавата на бирминемската полиција.
Нема информации ниту за заднинаа на овие напади, ниту за идентитетот на вмешаноста. Полицијата ги повика граѓаните на смиреност и претпазливост, како и да се држат подалеку од областите во кои се случиле нападите.
Според медиумските извештаи, нападите во Лондон се случиле по 21,30 часот. Во врска со нив уапсени се пет мажи осомничени дека предизвикале тешки повреди, а полицијата упати апел да се јават очевидци.
Овој инцидент следел само два часа откако полицијата добила дојава дека двајца тинејџери се пренесени во болница поради рани нанесени од нож, по напад во метро станица во источен Лондон.