„Еуромакс Ресорсис“ донираше заштитна опрема на Здравствениот дом во Струмица

„Еуромакс Ресорсис“, концесионер на рудникот за бакар „Иловица – Штука“, денеска донираше заштитни маски и скафандери на ЈЗУ „Здравствен дом“-Струмица.

Донацијата ја врачи д-р Живко Груевски, директор за комуникации и односи со јавноста во „Еуромакс Ресоурцес“.

– Веруваме дека оваа опрема, која е неопходна за секојдневното функционирање на Здравствениот центар во Струмица, ќе овозможи и подобра здравствена заштита за населението. За „Еуромакс Ресорсис“ ова е почеток што отвора можности за понатамошни активности кои треба да придонесат за подобрување на севкупното живеење во Струмица и во околината. Како инвеститори мотивирани сме да градиме партнерски однос со локалната заедница и со взаемна поддршка да го развиваме тој однос. Дел од нашите вработени живеат тука, во Струмица и околината и природно е да тука ја насочиме и нашата поддршка како корпоративно одговорна компанија“, изјави Живко Груевски, директор за комуникации и односи со јавност во „Еуромакс Ресорсис“.

Директорката Љубица Митева се заблагодари на донацијата.

-Донацијата на лична заштитна опрема е во интерес на јавното здравје и здравјето на здравствените работници, во спроведување на мерките за спречување на ширењето и сузбивање на коронавирусот. Од мое лично име и од името на сите вработени изразувам голема благодарност до компанијата за несебичната поддршка со донацијата, рече директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, Љубица Митева.

Вредноста на донацијата изнесува пет илјади евра.