
Телата на тројца израелски тинејџери биле најдени во понеделникот. Тие повеќе од две недели се воделе како исчезнати.
„Хамас се одговорни за овој грозоморен чин, и Хамас ќе плати за ова“, изјавил израелскиот премиер Нетанјаху.
Израел, по овој настан се заколна на одмазда врз Хамас, кои се сметаат за одговорни за киднапирањето и убиството на тинејџерите.
Нафтали Френкел, Гилад Шаари и Ејал Јифрах се тројцата убиени тинејери, сите на возраст од околу 16 години, а нивните тела биле најдени под карпите во близина на Халхул.