(ВИДЕО) Драма во филмско студио во Холивуд, во тек е полициска акција

Полицијата во Лон Анџелес ги извести граѓаните да се тргнат од Мелроуз авенијата заради полициска акција која е во тек.

„Дејли Њуз“ известува дека полицијата трага по осомничен маж, за кој се сомнева дека е забарикадиран во едно од студијата на филмскиот гигант во Холивуд, „Парамаунт“.

Медиумите наведуваат дека осомничениот извршил дело сексуален напад, а очевидците велат дека пристигнале огромен број полицајци наоружани до заби.