Во рамките на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во координација на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи вчера во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево приведоа дилер и беа запленети над 100 грама кокаин и други предмети, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 24.10.2020 околу 20.20 часот на бул.Ослободување во Кичево полициски службеници запреле возило „цитроен“, со тетовски регистерски ознаки, управувано од38-годишниот И.Б. од Кичево. При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети. Одземено е возилото цитроен, како и возило порше. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава“, се вели во соопштението.