
Во спортот за жал повеќето информации се за Ковид-19, отколку за победи и порази. Пандемијата коронаворус на големо прави проблеми, натпреварите се одложуваат, а бројот на заразени спортисти расте.
„По машкиот тим на Металург од вчера во самоизолација е женскиот тим. Две ракометарки и двајца тренерите се позитивни.
Последните тестирања потврдија присуство на коронавирус кај две ракометарки и кај двајца од нашиот стручен штаб. За жал, тоа веројатно не е и последната бројка на заболени, бидејќи тестирања се прават и денеска.
Како општествено одговорен субјект ја информираме јавноста за новонастанатата состојба и објавуваме дека комплетниот тим и стручниот штаб се повлекуваат во двонеделен карантин“, известија од таборот на ЖРК Металург.