„Интермецо“ ја отстранило пломбата и синоќа работело, Богдановиќ најави кривична

Градоначалникот на Oпштина Центар, Саша Богдановиќ објави дека кафе барот „Интермецо“ кој беше завчера затворен, синоќа ја тргнал пломбата и продолжил со работа.

„По извршените контроли на кафе барот „Интермецо”, вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена.Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од Кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години. По добивање на записниците, Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат“, напиша Богдановиќ на својот профил на Фејсбук.