Општината Морез, во источниот француски департман Јура (Жира), наодамна откупила стара куќа за 130.000 евра, а на изненадување и задоволство на сите жители во неа во фрлени тегли за кисели краставички се пронајдени илјада залатници и златни плочки чијашто вредност се проценува на 500.000 евра, пишува дневниот весник Le Parisien.
Објавата на градоначалникот на Морез, Лорен Пети за наоѓањето на големото благо, на последниот состанок на членовити на општинскиот совет предизвикало општа веселба, бидејќи буџетот на ова гратче со 5.000 жители отсега се зголемува за 500.000 евра.
Градските власти неодамна откупиле голема куќа во центарот на градот за 130.000 евра од сопственикот, и имале намера да ја реставрираат. Планирале да ја обноват куќата и во неа да отворат две продавници во приземјето и да ги адаптираат горните катови во апартмани. Но никој од вработените во општината ниту помислувал дека оваа здание е многу повредно.
Мартен Риалан, една од членовите на општинскиот совет, раскажала дека откупената недвижност била во многу лоша состојба. Додава дека, покрај тоа, била преполна со најразлични предмети, од кутии полни со стари чорапи до куп искористени пластични кутии за маргарин.
„Се раштркавме по катовите и започнавме со расчистувањето. Мене ми се падна вториот кат. Откако испразнив дваесетина големи вреќички, налетав на пластична вреќа полна со стари тегли за корнишони и фрлени празни лименки за кафе. Сфатив дека се полни со монети, но не ми падна напамет дека станува збор за вредни стари кованици. Дури откако ги здогледав златните плочки, срцето започна забрзано да ми бие…“, раскажува Риалан.
Кога откриеното богатство го дале на процена, експертите рекле дека чини околу 500.000 евра. Плочките и паричките со децении ги чувале членовите на семејството Жобез, всушност старото семејствот на градскиот часовничар, а во неа долго живелее нејзините последни потомци, четворица браќа и сестри, сите самци.
Мештаните велат дека кружеле приказни оти во куќата се наоѓа сокриено богатство, но малку кој од нив верувал во тоа.
По смртта на последната членка на семејството Жобез, наследниците на куќата, инаку далечни роднини на семејството, одлучиле да ја продатат заедно со покуќнината и сите предмети во неа.
Така, општината која ја купила за 130.000 евеа, сега повеќекратно профитирала, бидејќи според законот купувачот на недвижнината станува сопственик на сѐ што ќе биде затекнато во неа.