6.5 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2024

Коста Петров- нов директот на Фонд за иновации и технолошки развој

Коста Петров, потпретседател на СДСМ, сопственик на маркетинг агенција и писател, на својот профил на фејсбук објави дека оди на нова функција – директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Потпретседателот на СДСМ доаѓа на местото на Јован Депостовски кој беше на чело на Фондот три години.

„После 15 години работно искуство во приватниот сектор, од кои 10 години како основач и директор на Пи Ворлд, време е за нови предизвици.
Во овие десет незаборавни години, заедно со мојот победнички тим, успеавме да ја позиционираме Пи Ворлд како една од најиновативните креативни агенции и организатори на бизнис-настани во светот.
Иновациите и развојот на технологии мора да ја заземат централната улога во нашата развојна економија, а ФИТР ќе биде двигател на оваа трансформација.
ФИТР ќе продолжи да инвестира во иновацискиот развој на компаниите, работејќи на создавање нови квалитетни работни места и придонесувајќи кон развојот на македонската економија“, пишува Петров.