9.8 C
Skopje
понеделник, декември 30, 2024

Кавадарци излезе со препораки против загадувањето на воздухот

Кавадарци денеска излезе со препораки против загадувањето на воздухот што е карактеристично во овој период од годината.

Препораките, појаснуваат, се согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности, за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

– Според таа уредба во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри g/m3(надминување на вредноста од 100 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, на граѓаните им препорачуваме да се користи јавен превоз, возила да не се користат без поголема потреба и повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користат за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва, појаснија од Општината.

Во вакoв случај, додаваат оттаму, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје даваат повеќе препораки.

– Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот, известија од Општината.