Пратеничката група Бугарската социјалистичка партија (БСП) повторно побара од Националното собрание лично да го слушне премиерот Бојко Борисов на „темата Македонија“ и за позицијата на Софија кон преговорите на Скопје за полноправно членство во Европската унија.
Премиерот Борисов нема да се појави во пленарната сала, но ќе бидат сослушани министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, и вицепремиерот и министер за надворешни работи Красимир Каракачанов.
Според заменик претседателот на бугарскиот парламент, Кристијан Вигенин, владејачката партија „повторно го скрила“ Борисов.
Според Вигенин, „откако позицијата на нашата земја е веќе заземена и објавена, се поставуваат други прашања во врска со идната политика на Бугарија кон нашиот сосед и во врска со проширувањето“.
„Ние веруваме дека дискусијата треба да биде посеопфатна, не конкретно за оваа позиција, туку за односите меѓу двете земји од сега п анатаму. Затоа, сметаме дека треба да се одржи сослушување со премиерот Бојко Борисов, а не со вицепремиерите, како што се предложен од ГЕРБ“, рече Вигенин.