Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 20.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, кај место викано Баткова чешма, атар на селото Драмче, делчевско, се случила сообраќајна незгода.
Во несреќата учествувале автомобил „ситроен“, управуван од 49годишниот Љ.Т. од Македонска Каменица и автомобил „волво“, управувано од 52-годишниот П.С., исто така, од Македонска Каменица.
Во несреќата П.С. се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобил и Љ.Т., констатирани во Клиничката болница Штип, истакнуваат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.