3.8 C
Skopje
петок, ноември 29, 2024

По 11-годиншна пауза, актерската легенда Софија Лорен ќе глуми во филмот на нејзиниот син

Во филмот ,, The Life Ahead “ (Животот е пред нас) на Нетфликс, Лорен ја толкува госпоѓата Роза, Еврејка од холокаустот, која одлучува да се грижи за напуштено момче, сираче од Сенегал.

Филмот е базиран на истоимениот роман на францускиот писател Ромен Гери , ,,Мадам Роз” и е негова втора адаптација (првата е од 1978 година со француската актерка Симон Сињоре во главната улога), иако неговите творци тврдат дека не станува збор за римејк.

Премиерата се одржала во октомври во Рим, а филмот неодамна бил прикажан и на Нетфликс.

„Ја искористив шансата и ја прифатив улогата на Роуз, која ме потсетува на мајка ми“, рече виталната актерка. Таа веќе двапати соработувала со нејзиниот син, неодамна во филмот ,,Between Strangers” пред 18 години. Едуардо е син на Софија и познатиот италијански продуцент Карло Понти.

“Едно време, решив да го забавам темпото на снимање, бидејќи сакав да поминам повеќе време со семејството и моите синови. На крајот, се покажа дека не само што го забавив темпото на снимање, туку и целосно престанав да глумам”, изјави таа пред новинарите.

Таа исто така рече дека добила бројни понуди за улоги, но дека ниту една не ја инспирирала доволно како онаа на госпоѓа Роуз. Таа додаде дека нејзината соработка со нејзиниот помлад син како режисер функционира добро затоа што обајцата се перфекционисти.

Критичарите велат дека улогата на познатата италијанска актерка е целосно негламурозна и дека е можно оваа добитничка на Оскар, чии партнери во филмовите од двете страни на Атлантикот во минатиот век биле Кларк Гејбл, Кери Грант, Френк Синатра, Чарлтон Хестон и многу други повторно да биде во потесниот избор за наградата на Американската филмска академија.