Секој 36-ти Италијанец бил заразен со коронавирус

Според последното соопштение на Министерството за здравство на Италија, секој 36 Италијанец бил заразен со Ковид-19, а во последните 24 часа се регистрирани 23.225 новоинфицирани лица, пишува агенцијата „Анса“.

Сите епидемиолошки податоци покажуваат дека кривата на инфекцијата запира, освен кога е во прашање бројот на смртни случаи – вчера 993 пациенти починаа како последница на Ковид-19 што е најголем број смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата во Италија.

Комесарот за вонредни ситуации Доменико Аркури рече дека бројките се алармантни и дека не треба да се забораваат кога се одлучува за нови анти-корона мерки.

-Вирусот е сè уште силен, но ние сме во состојба да ја држиме ситуацијата под контрола – рече Аркури.

Тој верува дека олеснувањето на ограничувањата против Ковид-19 сега би било опасно и би значело соочување со трет бран од пандемијата.

-Би било невозможно луѓето да се вакцинираат против коронавирус во услови на нов бран на инфекција – рече Аркури.

Во Италија, земја со 60 милиони жители, досега се регистрирани над 1.660.000 случаи на зараза.