Дневен хороскоп (17 декември 2020)

ОВЕН

Самодовербата е нагласена. Имате впечаток дека се можете да постигнете. Поради тоа правите планови кои бараат многу. Ви се допаѓа личност која пробувате да ја шармирате. Можни проблеми со хормоните.

БИК

Комуникацијата е вашето најсилно оружје. Остварувате комуникација со претставниците на медиумите и оставате поволен впечаток. Имате симпатија која пробувате да ја освоите. Другата страна не е импресионирана од вашиот настап. Одлично здравје.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува конструктивен разговор со надредената личност во врска со новиот проект. Другата страна има големи очекувања од вас. Вашите емоции се стабилни и силни. Имате впечаток дека врската вечно ќе трае. Солидно здравје.

РАК

Работата се одвива на задоволувачки начин. Што се однесува на финансиите, очекувањата се претерани. Во мислите ви е поранешниот партнер. Имате желба да го видите, но не сакате вие да иницирате обнова на контактот. Можни се повреди.

ЛАВ

Изненадени сте со новата работна понуда. Толку добро звучи да размислувате да ја прифатите. Пред вас е ново познанство. Другата страна остава одличен прв впечаток и сакате да ја видите повторно. Нестабилен притисок.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Изненадувачките тешкотии целосно го реметат вашиот распоред. Наместо да работите што сте планирале, сега пробувате да ги решите проблемите. Задоволни сте од врската. Проблеми со притисок.

ВАГА

Комуникацијата со соработниците не тече онака како што треба. Не успевате да се концентрирате и поради тоа не се разбирате најдобро со колегите. Имате чувства кон партнерот, има и тој, и не знаете чии се посилни. Ве очекуваат проблеми со алергии.

ШКОРПИЈА

Самоуверени сте, енергични и сугестивни. Вие сте водач во комуникациите со колегите и ги наметнувате своите ставови. Задоволни сте од односот со партнерот и несвесни дека сте го идеализирале. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Ситуацијата на работа е работна, опуштена и успешна. Се се одвива глатко. Што се однесува до финансиите, следи прилив на пари. Пред вас е ново познанство. Другата страна интелектуално ве стимулира. Солидно здравје.

ЈАРЕЦ

Вашата самодоверба ви прави повеќе штета од корист. Правите грандиозни планови, а не сте свесни дека нема да може да ги реализирате. Емотивно сте задоволни и му пружате на партнерот чувство на стабилност. Внимавајте на дишните органи.

ВОДОЛИЈА

Се чувствувате несигурно поради лошите финансии. Работната соработка со странските соработници одлично се одвива. Емоциите ви проработиле и се трудите што повеќе време да поминете со саканата личност. Расположението ви варира.

РИБИ

Самодовербата е вашиот заштитен знак. Во целост сте посветени на обврските, желни за успех кој го постигнувате. Емотивно сте заинтересирани, но немате храброст на симпатијата отворено да и ги покажете своите емоции. Избегнувајте алкохол.