Стојаноски до СДСМ: Додека во Собрание читате приказни, Македонија според Еуростат е трета по сиромаштија во Европа

„Го слушав колешке вашето обраќање но за жал не добив одговор на повеќе прашања. Нешто кое што во изминативе денови и на комисиската расправа се обидуваме да го дознаеме. Практично нормално е за вас буџетот ќе биде најдобар до сега и ќе даде одговор на многу прашања. Ама тоа навистина не е така. Додека ви е читавте што се ќе се случи во наредната година можете да отворите на Еуростат, европска институција која што би кажал дека врши анализа на одредени показатели и ќе видите дека Република Македонија е третата најсиромашна земја во Европа“, нагласи Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница за буџет во реплика на пратеник од редовите на СДСМ.

Стојаноски додаде дека не слушна во излагање на пратениците од СДСМ дали догодина ќе почне барем изградба на еден километар автопат во оваа држава. Но за жал по се изгледа и догодина нема да се изгради ниту еден километар нов автопат кој го ветуваше власта.

„Не слушнав дали догодина ќе се закова првата шајка за изградба на студентскиот град кој што го ветувавте. И тоа не го слушнав. Не слушнав дали догодина дали ќе се стави цигла, на цигла на барем едно ново училиште. Не слушнав догодина дали ќе се покачат платите, дали ќе се направи нешто во насока на зголемување на БДП. Не слушнав ништо друго освен она експозе на буџетот за наредната година“, појасни Стојаноски.

Стојаноски посочи дека не слушна ништо како ќе се подобри животот на граѓаните во наредниот период.