Швајцарски инвеститор се одлучи да вложи повеќе од 1,5 милијарди евра во проект близу Шибеник што ќе измени слика за хрватскиот туризам, но и ќе упати порака за потенцијални инвеститори дека се исплаќа да се вложува во тој дел од светот, објави ХРТ.
Седум години и 60 милиони евра биле потребни за да се купи земјиштето во Заблаќе покрај Шибеник за изградба на нова градска населба. Швајцарците се подготвени за почеток на работите штом завршат промените на ДУП-от, што се очекува во крајот на годината.
Новиот град за 2.500 жители ќе ги има сите потребни содржини – од хотели од висока категорија, вили, пристаниште, амбуланти и градинки, а се во согласност со највисоки еколошки и просторни стандарди.
Сите досегашни администрации на Шибеник дале поддршка за проектот.
Инвеститорот смета дека на тој начин ќе ја продолжи туристичката сезона во Шибеник на речиси цела година и со тоа би дал целосно нов импулс на туризмот во Хрватска, наведува медиумот.