Советот на министри на Босна и Херцеговина побара во четвртокот од властите во Унско-санскиот кантон да дозволат повторно отворање на поранешниот прифатен центар во Бихаќ во кој повремено би се сместиле мигрантите од кампот Липа, што беше затворен минатата седица.
Властите во Унско-санскиот кантон одбиваат враќање на мигрантите од Липа во Бихаќ и бараат тие привремено да се сместат во прифатниот центар Салковац во Херцеговина или во Делијаш во близина на Сараево сѐ додека Липа не биде опремена со контејнери и да овозможи безбедни услови.
Меѓународните хуманитарни организации вчера ги повика властите во БиХ да реагираат бидејќи најмалку 900 мигранти од кампот во село Липа се оставени на ливада бидејќи не е реализиран планот за нивен привремено сместување во херцеговачкото место Брадина. Доаѓањето на мигрантите беше попречено од жителите на Брадина.
Меѓународните организации за миграција и хуманитарните организации ги повикаа властите на БиХ да преземат мерки согласно меѓународното и националното право во рамките на човековите права.
Мигрантскиот камп во Липа минатат седмица беше зафатен од пожар во кој изгоре целата инфраструктура.