ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев јаде со златен прибор, половина милион граѓани живеат во сиромаштија со 2 евра на ден

Зоран Заев и фамилијата Заеви бесрамно се исмејуваат со народот. Додека луѓето тонат во сиромашрија, Заеви јадат со златен прибор кој чини колку полугодишните приходи на едно просечно семејство, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Заеви јадат со златни лажички додека половина милион граѓани живеат во сиромаштија со само 2 евра дневно. Око не му трепнува на Зоран Заев што 54.000 лица останаа без работа во последната година, а уште 50.000 други граѓани нередовно земаат плата.

Заев руча со луксузен златен прибор, а државата ја задолжи за 1 милијарда евра за едно тромесечие, буџетската дупка ја направи 920 милиони евра, а дозволи да пропаднат 200 милиони евра на физички и правни лица во скандалозната ликвидација на Еуростандард банка.

За тоа колку е одлепен од реалноста кланот Заеви покажува фактот што дури тие користат златен прибор, народот собира донации за лекување на свои сограѓани. Врв на безобразие е луксузот на Заеви во сред епидемија кога скоро 2500 лица починаа, а 85000 се заразија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.