Јунајтед во следното коло на ФА Купот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед последни во саботата вечерта се пласираа во четвртото коло од англискиот ФА Куп.

„Црвените ѓаволи“ на својот стадион „Олд Трафорд“ го совладаа второлигашот Вотфрод со погодокот кој уште во 5 минута со глава го постигна Скот Мектоминеј.

Манчестер Јунајтед против Вотфорд на теренот изведе екипа со дури девет нови играчи во однос на полуфиналето на Лига купот против Манчестер Сити.

Англискиот ФА Куп е најстарото фудбалско натпреварување на светот, кое се одржува од 1871 година. Најмногу пати го овој трофеј го освојувал лондонски Арсенал – 14, а Манчестер Јунејтед триумфирал 12 пати.