Германската Влада во моментов не прави конкретни подготовки за воведување гранични контроли и се надева дека тие нема да бидат потребни, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
Канцеларката Ангела Меркел вчера предупреди дека нејзината земја, која е дел од европската шенгенска зона, можеби ќе треба да размисли за ограничувања на границите со другите европски земји, доколку тие не преземат мерки за запирање на ширењето на коронавирусот, а особено неговите преносливи мутации.
Германија останува затворена до 14 февруари, како што беше одлучено на состанокот меѓу канцеларката и покраинските премиери. Мерките се уште построги, медицинските маски се задолжителни во јавниот превоз и продавниците, училиштата се затворени, како и поголемиот дел од продавниците, а работата од дома е препорачана каде што е можно.