Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Неделен Брифинг зборуваше за пописот за кој власта неодамна изгласа и закон во Собрание, обвинувајќи ја власта дека штелува бројки на етнички заедници.
„Излегува поранешен министер, сега пратеник во парламентот кој што вели дека ако не бидеме ние како албанска етничка заедница 20 проценти или најмалку 20 проценти, тогаш не го прифаќаме резултатот, за да вчера излезе или завчера не знам претседателот на таа политичка партија Али Ахмети и да каже не 20 туку 25, тоа е прагот сега. Се што е под 25 не се прифаќа, рече Мицкоски.
Меѓу другото, додаде, повторно се заострува јазикот во јавноста, и однаво се прави етноцит.
„Зошто? Затоа што денес наместо ние да се стремиме кон Европа , бидејќи главните ресори ги држи таа политичка партија кои што треба нас да нѐ однесат кон Европа и европските вредности, министерство на надворешни работи, економија и финансии, ние повторно злоупотребувајќи ги чувствата на нашите сограѓани, форсираме етничка политичка јавност. Ама тоа ги повредува чувствата на другите етникуми и создава недоверба“, вели Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се наметнува ваквиот диксурс во јавноста наместо да се зборува за тоа колку луѓе ги загубиле животите поради неспособноста на власта да се справи со пандемијата..
„Зошто и Македончиња и Албанчиња и Турчиња и Ромчиња, Босанчиња…, буквално во тие 20.000 ученици не можат да следат онлајн настава. Зошто земјоделецот без ралика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Бошњак, Србин и тнм денеска нема гарантиран откуп на неговиот прозивод. Појдете во Долнени таму има различни етникуми, тутунот остана непродаден, остана во амбарите да скапува или тоа што се продаде се продаде по багателна цена ? Зошто не отпочнуваме преговори, зошто има криминал, зошто има корупција и невладеење на правото, тоа не бира етникум, тоа се нашите проблеми. Е сега, тоа е картата на која они одлучиле да играа, повторно поларизацијаб по етничка основа што е катастрофално. Се обидуваат повторно да играат на емоцијата националистичка за да они уживаат привилегии потоа“, рече Мицкоски.