Ковачки за најавата на Шекеринска: Воените лица кои бојадисуваа и кршеа и сега се кај неа на раководни позиции, во која категорија спаѓаат?

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска најави закон за забрана за политичко дејствување надвор од работното време за воени лица, забележува полковникот Драги Ковачки кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прашање: воени лица што се шарени револуционери а фарбаа и кршеа и сега се кај неа на раководни позиции, во која категорија спаѓаат? Додуша и таа фарбаше“, напиша Ковчки на Twitter.