СЗО: Потрагата по потеклото на коронавирусот ќе трае со години

Членот од тимот кој под водство на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во кинескиот град Вухан каде што кој крајот на декември 2019 година беше регистриран првиот случај на зараза со новиот коронавирус SARS-CoV-2, изјави во петокот дека е изненаден од комплексноста на задачата за откривање на потеклото на овој вирус и дека истражувањата ќе траат со години.

Доминик Дваер, микробиолог и стручњак за заразни болести, изјави дека истражувачката група во Вухан од кинеските власти го добила пристапот кој го барала, за да ги истражи почетоците од пандемијата на коронавирусот, првпат регистрирани во овој град со речиси 11 милиони жители, административен центар на централната кинеска покраина Хубеи.

„Сите знаат дека пандемијата се разгоре од пазарот Хаунан во Вухан, но клучно е да се дознае што се случувало тогаш и пред тоа“, вели Дваер.

Потеклото на коронавирусот стана високо политизирано прашање по западните критики упатени на сметка за Кина поради наводна недоволна транспарентност во првите денови од епидемијата. Пекинг на овие напади одговора со тоа дека вирусот можеби настанал на друго место и е пренесен во Вухан.

Двијер, кој е австралиски експерт за HIV кој соработуваше во епидемијата на SARS-от и птичјиот грип, вели дека е главната „мистерија“ на Covid-19 е во тоа што асиптоматските пациенти не знаеле дека го носат вирусот.

„Наивно е да се мисли дека ќе дојдеме до нултиот заразен“, вели Дваер. Првите случаи се забележани во ноември 2019 година, но најважното е она што се случувало набргу потоа, вели австралискиот научник.

Дваер се согласува со Питер Дажак, зоолог и стручњак за животински болести, исто така член на тимот на СЗО, кој истакнува дека ќе биде многу тешко да се сфати потеклото на коронавирусот SARS-CoV-2.

„Дури и кај SARS-от и еболата имаме некои добри идеи, но никој не е сигурен. Кај HIV-от не ги знаее точните околности“, изјави Дежак за Reuters во четвртокот.

Истражителите ги посетија болниците, истражувачките центри и пазарот со морски плодови и диви животни, каде е забележан првиот случај, но нивните контакти во Вухан се ограничени на посети кои ги организирани кинеските домаќини.

Дваер рече дека тимот завршил со обиколката на локациите и дека се подготвува да ги претстави првите заклуќоци во што покус рок, пред кон крајот на следната седмица ќе истече 28-дневната виза на членовите на истражувачката група.