Небото над поголемиот дел од Франција стана бледокафено (беж) во саботата, известија телевизијата BFM TV и весникот Le Parisien, наведувајќи дека феноменот е предизвикан од силниот ветер широко, создаден при минувањето на антициклон.
Овој жежок ветер кој дува од пустината Сахара носи големи количества песок, и станува збор за феномен кој повремено стасува до европскиот континент. Во саботата тој бил силно забележлив во источниот дел на Франција, на Алпите и во департманот Изер. Во многу од планинските области, паднатата прашина од песокот го напаравил жолтеникав снегот во многу француски зимски центри, предизвикувајќи им проблеми на скијачите затоа што скиите на таквата површина тешко се лизгаат а брзо се трошат и премазите.
На возачите им е препорачано да не ги вклучуваат системот за миење и брисачите на шофершајбните, туку песокот да го измиваат на безнинските пумпи со силен млаз вода за да ги избегнат гребењата на стаклените површини во прв ред.
Облаците со тони песок постепено се движат во саботата кон северните области на Франција. Небото над Париз веќе рано попладнето во саботата започнало да ја менува бојата, а претходно тоа се случило во Тулуз и Лион.
Појавата на ветрот широко со големи количества песок на небото над Франција не е ретка појава. Но овој феномен вообичаено се случува пред настапувањето на пролетта. Сегашните налети на ветерот од Сахара се со многу топол воздух, кој на Корзика според метеоролозите треба да ја зголеми темепературата од 10 на 25 Целзиусови степени, а се очекува кафенот небо над Франција да се задржи и во неделата.
Сателитските снимки покажуваат огромни струења на песот, кои се движат кон Франција со силниот ветер. Песочната прашина се крева во воздухот не само од алжирскиот дел на Сахара, туку и од Мали, дури и од оддалечениот јужен крај на пустината и од супсахарските региони Сахел.
😱😱😱📷 @gonzalo_pirineus #andorra #pols #sablesaharien pic.twitter.com/JC3IvY9BV5
— Météo Pyrénées (@Meteo_Pyrenees) February 6, 2021
Sable et explications 🙌👉
L’image satellite du matin où l’on distingue parfaitement le sable Saharien remontant dans le fort flux de sud.
C’est un phénomène classique dans les #pyrenees 📷 @eumetsat pic.twitter.com/hsAnSf3MUA— Météo Pyrénées (@Meteo_Pyrenees) February 6, 2021