ВМРО-ДПМНЕ: 6200 фирми поради кризата се затворија, а таa на министерот Љупчо Николовски го зголеми профитот за 2100%

6200 фирми затворија за една година. Лошите економски политики и слабите и неразвојни мерки ја опустошија економијата, а фирмата на братот на Љупчо Николовски го зголеми профитот за 2100%, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

55.000 луѓе ја загубиле својата работа, а фирмата на братот на Николовски бележи вртоглави профити како да ја измислила вакцината против КОВИД 19.

Како е можно во време на пандемија фирмата на Николовски да бележи раст на профитот од 2100%. Дали овие вртоглави суми се постигнати преку зделки со државата или други компании кои мораат да работат со фирмата на братот на вицепремиерот?!

Дали зад големите профити се крие корупција, во која е вмешан човекот со функција против корупцијата?!

Љупчо Николовски молчи и се крие за фирмата на братот, а јавноста чека одговори.

И додека фирмите на граѓаните пропаѓаат, а десетици илјади ги губат своите работни места СДСМ создава втор клан, после кланот Заеви го имаме кланот Николовски.

На мафијашкото работење насокоро му доаѓа крај, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.