Кипарските власти следните месеци ќе воспостави регистар на сопствениците на илјадници компании и со тоа да ги расветли нетранспарентните и сложени корпоративни структури зад компаните кои служат како паравани, кои земјата членка на Европската унија ја стави на листата на ткн држави „даночни раеви“.
Поединостите за илјадниците компании регистрирани во оваа медитеранска островска земја ќе почнат да се собираат од 16-ти март, за да бидат воведени во новиот регистар.
Воспоставувањето на регистарот го наложуваат прописите ЕУ за спречувањето на перењето пари, а неговите поборници истакнуваат дека би можел да претставува пресвртница за Кипар, кој според нивните тврдења ги привлекувал оние кои зад компаниите-паравани го кријат своето богатство, привлечени од ниските даночни спатки.
„На компаниите ќе им дадеме рок од шест месеци да ги соберат сите поединости поради внесувањето во новиот систем“, изјавила Антонија Фаита-Ставрида, висока функционерка во министерството за енергетика, трговија и индустрија, координатор на проектот.
Кипар веќе извесен период се обидува да се ослободи од имиџот на земјата чијашто влада зема пари од инвеститорите без никакви прашања за потеклото. Вносната шема за добивање ткн „златни пасоши“ во замена за вложувања наеднаш беше прекината минатата 2020 година, по извештаите за можна корупција.
Иницијалниот регистар ќе биде привремена база на податоци, до којашто пристап би можело да имаат агенциите на барање, додаде Фаита-Ставриде. Таа се надева дека конечниот систем, со различни нивоа на пристап, ќе биде достапен „до крајот на годинава“, без да навлегува во поединости.
Некои активисти во борбата против корупцијата сметаат дека оваа мерка не е доволна.
„Тоа сѐ уште нема да биде јавен регистар, што е актуелен услов на ниво на Европската унија“, предупреди Маира Мартини од Transparency International.
За навистина да биде ефикасен, би требало да биде поврзан со другите бази на податоци, како што е сопственоста над недвижнините, сметаат активистите.
„Тоа е повеќе од сао воспоставување регистар. Властите би требало да можат да го пребаруваат регистарот како и кога и одговара, а не да бидат присилени да поднесуваат барање за пристап до информациите. Би требало, исто така, да може да бидат поврзани со други бази на податоци“, истакнува Мартини.