Домашен кикс на Баер, во Лајпциг без победник

Фудбалерите на РБ Лајпциг не усеаја на свој терен да го совладаат Франкфурт во дуелот од 25-то коло на германската Бундеслига одиграа одигрувајќи без победник, додека претходно во неделата Баер Леверкузен на домашен терен беш совладан од Арминија.

Емил Форсберг во 46 минута го доведе во предност РБ Лајпциг, а за тимот од Франкфурт израмни Даичи Камада.

РБ Лајпциг остана на втората позиција со 54 бодови, но сега водечкиот Барн се одлепи на четири бодови повеќе. Третопласираниот Волфсбург има 48 бодови, а Ајнтрахт со четири бодови помалку е четвртопласиран, а петта е Борусија Дортмунд со 42 бодови.

Фудбалерите на Арминија остварија голема победа на гостувањето во Леверкузен, каде што го совладаа Баер со 2:1 и побегнаа од зоната на испаѓање. Гостите изненадувачки поведоа во 17 минута со погодокот на Рицу Доан а водството го поведоа во 57 минута преку Масаја Окугава, а „Аптекарите“ успеаја само да намалат преку Патрик Шик во 85 минута.

Баер остана на шестата позиција со 40 бодови, и пропушти можност да ја мине на петтата позиција Борусија Дортмунд која има два бода повеќе а го држи последното место кое води директно во Лига Европа. Арминија, пак, сега се качи на 15-то место со 22 бодови, бод повеќе од местата кои водат во разигрување за опстанок или директно во втората лига.

Во последниот неделен натпревар Штутгар на домашен терен со 2:0 го совлада Хофенхајм. Домашните поведоа во 15 минута кога гостинскиот бек Касим Нуху во обидот да спречи напад на Штутгард самиот ја проследи топката во сопствената мрежа. Вториот погодок го постигна Саша Калајџиќ во 64 минута, кому ова му беше седми погодок во последните шест натпревари во Бундеслигата.

Штутгарт сега е осми со 36 бодови, а Хофенхајм падна на 11-то место со 30 бодови.