Муцунски: Со волја на мнозинството собраниска седница за законите со економската помош може да се закаже уште денес

Со волја на мнозинството седница на Собранието за законите поврзани со економската помош може да се закажи уште денес, е друго е демагогија и дневна политика, пишува на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

Решението за донесување на итни закони не е во соопштенија за јавност. Компаниите и граѓаните немаат време за чекање, а нивните проблеми не ги решаваат политички сплетки, пишува Муцунски.

Потребна е итна седница на Собранието на која ќе се дискутира единствено за законите поврзани со економска помош. Со волја на мнозинството таква седница може да се закаже и оддржи уште денес. Се друго е демагогија и дневна политика, вели во својата објава Муцунски.