Легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац (85), според српските медиуми, успеал да се избори и да ја добие битката со коронавирусот, па за два до три дена ќе ја напушти болницата.
Тозовац, како што се наведува, ги избегнал тешките последици бидејќи ја примил кинеската вакцина, непосредно пред да се зарази со ковид-19.
– Предраг се чувствува одлично и денешните прогнози се дека ќе биде пуштен од болница за два до три дена. Тој беше примен со тешка пневмонија, но беше ставен само на кислородна поддршка. Непосредно пред да се зарази, тој примил втората доза од кинеска вакцина, поради што не пројавиле некои потешки симптоми. Благодарение на вакцината, тој го избегнал респираторот и на 85-годишна возраст успеа да го победи вирусот, што многумина многу помлади од него не успеваат. Здравствените работници, лекарите, сите се задоволни од неговата состојба – вели болнички извор.
Да потсетиме, Предраг Живковиќ Тозовац беше примен во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ со знаци на пневмонија на почетокот на месецот, поради зараза со коронавирусот.