1.8 C
Skopje
сабота, декември 14, 2024

Дали се заканува ценовен шок по покачувањето на цената на маслото за јадење

И се заканува ли на земјава силен инфлаторен шок?!

Откако маслото за краток период достигна цена од 100 денари, економските аналитичари велат за сега голем пораст на инфлацијата нема, но не ја исклучуваат можноста тоа да го повлече синџирот на раст на цените и на другите производи.

„Ние како економија секако зависиме од светските берзи во однос на примарните производи, нормално дека може да биде синџир и да има ефект и врз нашата економија.“ истакна Гадаф Реџепи, економски професор

„Можно е да се очекуваат пораст на цените кај добар дел од прехранбените производи имајќи во предвид дека има нарушување на оној однос помеѓу понуда и побарувачка на овие производи, затоа што добар дел од капацитетите за производство и не се користат заради оваа Ковид ситуација, немаме доволен број на ангажирани работници.“ изјави Зоран Ивановски, економски професор

Колку растот на цените ќе влијаат врз граѓаните, најмногу ќе значи од менаџирањето на надлежните. Економистите алармираат власта будно да ја следи состојбата со цените на продуктите за да може навремено да интервенира.

„Носителите на економските политики и монетарните авторитети треба будно и континуирано да следат состојби на пазарите, имајќи предвид дека веќе на одредени сегменти се осеќаат пореметувања. А дополнително би требало да се очекуваат и заради состојбата генерално на планот на продуктивноста и ефикасното искористување на расположливата работна сила.“ изјави Зоран Ивановски, економски професор

„Многу е тешко да биде предвидена цената на примарните производи, затоа што тоа пред се зависи од начинот како ќе биде изменаџирана кризата, се надевам дека ние ќе почнеме да помагаме со петтиот пакет мерки, се надевам ќе може да се помогне на таа категорија луѓе кои се на ризик на отпушања или веќе се отпуштени, бидејќи тие најмногу ги чувствуваат овие зголемувања на цените колку и да се минимални.“ вели Гадаф Реџепи, економски професор

Од година во година вредноста на минималната синдикална кошница е во пораст. Во време на криза кога има и голем број отпуштања, ССМ пресмета дека на едно четричлено семејство за да го помине месецот, само за основни потреби му требаат над 33 илјади денари, од кои половина за храна и пијалоци.