Претседателот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов најави дека во моментов се работи на воспоставување и имплементација на повикувачки европски број за помош 112. Ангелов посочи дека на овој број граѓаните ќе ја добијат помошта што им е потребна во моментот, односно пријава на физички напади, сообраќајни несреќи, пожари и медицинска помош.
– Помошта што граѓаните денес ја бараат на броевите 192, 193 и 194 ќе биде концентрирана во еден број, тоа е бројот 112 како што е во цела Европска Унија. Од страна на Унијата донирани се околу еден милион евра за набавка на средства и опрема и обука на лицата кои ќе работат на овој број – изјави Ангелов.