Нови судири меѓу Израелци и Палестинците во текот на Рамазан

Палестинските исламистички милитанти од Појасот Газа истрелале десетина ракети врз територијата на Израел кој возврати со воздушни удари во саботата, откако во Ерусалим се продолжени ноќните судири меѓу Палестинците и израелската полиција во текот на светиот муслимански месец на постот Рамазан.

Размената огнот пред мугрите ја прекинаа повеќемесечната релативна тишина на границата меѓу Израел и Газа, иако се чини дека судирите не се вовед во поголема ескалација, имајќи предвид дека војската на Израелците коишто живеат во близина на границата не им упати никакви нови безбедносни предупредувања.

Во Ерусалим израелско-палестинските тензии се поголеми отколку вообичаено отколку во текот на Рамазан. Протестите од четвртокот станаа насилни, со мноштво повредени и уапсени. Безредијата продолжија во петокот ноќта, кога палестинските млади се собраа пред Стариот град и се судрија со израелската полиција.

Палестиците со камења ја гаѓале полицијата којашто против нив употребила водени топови. Каменувана била и зградата на израелскиот суд и ги кршеле безбедноните камери. Од палестинската Црвена полумесечина соопштија дека се повредени осум Палестинци.

Израелксата полиција соопшти дека безредијата подоцна се прошириле и на блиската палестинска населба каде што Палестинците ги гаѓале полицијаците со молотови коктели и фрлале камења врз возила и домовите на Израелцит. Притоа уапсени се тројца Палестинците, а повредени се четворица израелски полицајци.

Во другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан), кој меѓународната заедница го смета за окупирана од Израел палестинска територија, тамошните Палестинци се судриле со израелските сили околу воените контролни пунктови во близина на градовите. Израелската гранична полиција соопшти дека растерала стотици лица кои фрлале камења и молотови коктели.

Израелската војска извести дека во Газа палестинските милитанти во текот на ноќта кон саботата истрелале 36 ракети врз територијата на Израел, набрзо откако исламистичките челници во енклавата од движењето Хамас и другите вооружени групаии упатија заеднички повик на палестински отпор во Ерусалим.

„Израелските авиони возвратија со нападите врз ракетните фрлачи на Хамас и подземната инфраструктура“, сооптија од израелскатра војска.

Засега нема ниту непосредни извештаи за жртви во Газа или на израелската страна од границата каде што повеќето ракети паднале на отворените области, а шест биле уништени со пресретнување на израелската противвоздушна одбрана.

Судирите и насилните инциденти се случуваат речиси секоја ноќ во Ерусалим, светоиот град за Евреите, како и за христијаните и за муслиманите, од почетокот на светиот муслимански месец на постот Рамазан на 13-ти април.

Палестинците велат дека полицијата се обидела да ги спречи во одржувањето на своите вообичаени рамаземски вечерни собири ифтарите пред Дамаскинските порти на влезот во Стариот град со поставување на метални огради. Изреалците, пак, се разгневени од видео-снимките на социјалните мрежи на коишто се гледа како палестинските млади напаѓаат религиозни Евреи во градот.

Целиот Ерусалим, вклучително и неговиот источен дел кој е анектиран во војната од 1967 година, е с’ржта на израелско-палестинскиот судир. Палестинците настојуваат источен Ерусалим да го направат главен град на нивната идна држава на Западниот брег и во Газа, додека Израел целиот Свет град го прогласи за своја „историска и неделива“ престолнина.