Жители на Тетово утринава околу 6 часот и 35 минути на улица во населбата Горна Чаршија нашле мртов човек. Била повикана Итна медицинска помош, но лекарите констатирале дека човекот е починат.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и било утврдено дека починатото лице е 62-годишниот М.К. од тетовска Шипковица, информираат од СВР Тетово.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.