
Ќе се отвораат нови пунктови за вакцинација. На денешната владина седница е одлучено да се отворат пунктови во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово.
– Владата ја разгледа и усвои нформацијата за формирање регионални центри за ковид–19 вакцинација и го задолжува Министерството за здравство, во соработка со Министерството за образование и наука и општините Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на пунктовите по примерот на пунктот организиран во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје – се вели во соопштението на Владата.