Кина лансираше модул за идната орбитална станица планирана за 2022-та

The Long March-5B Y2 rocket, carrying the core module of China's space station Tianhe, takes off from Wenchang Space Launch Center in Hainan province, China April 29, 2021. China Daily via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. CHINA OUT.

Кина во четвртокот го лансираше вселенскиот модул без екипаж, првиот од трите елемента од идната орбитална вселенска станица којашто планира да ја заврши до 2022 година а за што ќе бидат потребни десет мисии, објавија кинеските државни медиуми.

Модулот наречен „Тијанхе“ (Небеско складиште), е лансиран со најголемата кинеска ракета „Чангженг-5Б“ (Долгиот марш/ Long March-5B, CZ-5B)од космодромот Венгачнг во јужната кинеска тропска островска провинција Хинан во 11,23 часот по локално време (6,23 по македоноско, објави државната телевизија CCTV.

„Тијанхе“ е една од трите главни компененти на првата вселенска станица којашто ја развија исклучиво кинески експерти, наспроти засега единствената постоечка вселенса единица од овој вид Меѓународната вселенска станица (ISS).

Во програмата на ISS учествуваат Русија, Европската унија, Јапонија, Канада и САД кои се спротиставуваа на кинеското учество. Русија, пак, минатата седмица започна со развојот на првиот основен модул за својата орбитална станица која има намера да ја воспостави до 2025 година, бидејќи сака да се повлече од Меѓународната вселенска станица (ISS).

„Тијанхе е важен проект во градењето на силна нација во технологијата и вселената“, изјавил меѓу другото кинескиот претседател Кси Џинпинг цитиран од медиумите.

„Тијанхе“ е главниот простор за престој на екипажот на Кинеската национална вселенска станица којашто ќе биде слична на поранешната советско-руска станица „Мир“ (Свет – од 1986 до 2001 година), а нејзиниот животен век е предвиден за 10 до 15 години.

Модулот е лансиран во првата од 11-те планирани мисии коишто ќе бидат потреби за завршување на вселенската станица, наречена на англиски CSS, а на кинески „Небесен дворец“ и ќе биде поставена во орбитата на Земјата на височина од 340 до 450 километри. Во следните мисии ќе биде лансиран втор модул, потоа четири летала со екипаж и четири товарни летала, а откако ќе биде завршена CSS ќе тежи 100 тони, односно ќе биде трипати помала од ISS.

Активностите на вселенската програма на Кина започнаа пред десет години со лансирањето на вселенската лабораторија „Тијангонг-1“ во 2011 година и лабораторијата „Тијангонг-2“ во 2016 година. Кина сака да стане водечка вселенска сила до 2030 година и вложива милијарди во својата вселенска програма, планирајќи патување на човек на Месечината, лансиорање на брод без екипаж на Марс и градење сопствена вселенска станица.

Од друга страна неизвесна е судбината на Меѓународната вселенска станица која во орбитата е подолго од две децении. Овој проект треба да заврши во 2024 година, а Русија претходно објави дека излегува од проектот во 2025 година. Русија ги продлабочува врските со Кина во Вселената откако САД со наметнувањето на стотици санкции се обидуваат со кој се опфатени и руските технолошки и вселенски програми да добијат примат. Така Москва одби да учествува во американската програма „Artemis“ за истражувања на Месечината и одлучи да му се приклучи на Пекинг во истражувањата на природниот сателит на Земјата следните години.

Се претпоставува дека Русија и Пакистан ќе бидат веројатно првите партнери во кинеската лунарна програма, а неизвесно е дали ќе им се приклучи и Европската вселенска агенција (ESA). Причината за тоа се промената на политичката клима меѓу Европската унија и Кина, по обвинувањата кон Пекинг за задушувања на слободите во Хонгонг и односот кон муслиманското ујгурско малцинство во покраината Ксинџијанг.

Можно е странски астронаути да бидат вклучени во истражувањата на кинеската орбитална станица, но секако тоа нема да бидат американски, бидејќи САД со закон ѝ забранија на својата вселнска агенција NASA секаква соработка со Кина.

Кина својот прв астронаут го испрати во Вселенста во 2003 година, а првата сонда на „темната“ сокриена страна на Месечината во 2019 година, со што стана првата земја во светот. Минатата 2020 година Кина ги доби примероците од Месечината и го финализираше „Beidou“, сопствениот систем за навигација, кој му конкурира на американскиот GSP. Кина предвидува веќе во мај да го спушти својот роботизиран уред на површината на Марс, а човечки екипаж да испрати на Месечината во 2030 година, и најави градење на стационирана лунарна база во соработка со Русија.