Принцот на Лихтеншатјн е обвинет зашто ја убил најголемата мечка во Романија

Групите за заштита на животната средина го обвинија принцот од кралското семејство од Лихтенштајн за убиство на најголемата романска мечка и покрај забраната за лов на големи месојади.

Романската невладина организација Green и австриската невладина организација WGT во соопштението велат дека мечката под име Артур била застрелана од принцот Емануел фон ун зу Лихтенштајн во март.

Сè се случило во заштитено подрачје на Карпатите, а според невладините организации, принцот добил специјално одобрение од романското Министерство да пука во женска мечка што им правела штети на фармите во Ојдула.

„Принцот не ја уби проблематичната мечка, туку мажјак кој живееше длабоко во шумата и никогаш не се приближуваше до населените места“, се наведува.

Агенцијата Associated Press известува за официјални документи во врска со спорниот лов, кои потврдуваат дека принцот Емануел во март добил четиридневна дозвола за лов и дека на 13-ти март уловил 17-годишна кафенамечка, за што наводно платил 7.000 евра.

Габриел Паун, претседател на Green, вели дека Артур имал 17 години и бил најголемата мечка во Романија, а веројатно и најголемата што живеела во Европската унија.

„Се прашувам како принцот можеше да ја замени женската мечка што доаѓала во селото со најголемиот маж кој живеел длабоко во шумата“, рече Паун, додавајќи дека принцот не дошол да му помогне на локалното население и да ја убие мечката што им предизвикувала проблеми, тукуу сакал да го однесе дома најголемиот трофеј.

Кафена мечка е заштитен вид според меѓународните и романските закони. Сепак, владата одобрува исклучоци во случај на мечки кои предизвикуваат сериозна штета и им се закануваат на луѓето.

Романскиот министер за животна средина Танцос Барна рече дека е покрената истрага.

Од AP не успеале да стапат во контакт со принцот, а швајцарскиот весник Blikнаведува дека принцот не сакал да ја коментира ситуацијата.