За 24 часа хоспитализирани 22 пациенти во ковид центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 340 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 примени пациенти и 2 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало еден прием. На Институтот за физикална медицина немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 112 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид 19 вирусот, а на ГАК нема позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 7 болни.

Вкупно 340 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 330 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.