Исламски џихад ја потврди смртта на тројца команданти во израелските напади, судирот ескалира

Палестинското радикално движење Исламски џихад ја потврди смртта на тројца свои команданти во израелските воздушни напади врз палестинската енклава Појасот Газа, како одмазда за масивното ракетирање на израелските градови втор ден по ред, додека палестинско-израелскиот судир ексалира и се заканува да прерасни во отворен воен конфликт.

„Бригадите ал-Кудс (военото крило на Исламски џихад) објавуваат за убиството на тројца свои лидери како резултат на израелскиот ракетен напад врз Газа“, се наведува во соопштението на движењето.

Во вторникот во раните попладневни часови министерствово за здравство во Појасот Газа објави дека во израелски напад врз станбен објект во Газа биле убиени три лица а уште девет други биле ранети, со што вкупниот број жртви од вторникот утрото се зголеми на 27.

Од своја страна портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Офир Фенделман објави на Twitter дека „Израелските одбранбени сили го ликвидараа командантот на терористичката организација Исласки џихад заедно со друг големи терористи“. Генделман додава дека „до моментов терористите истрелале повеќе од 470 ракети“ од понеделникот вечерта врз јужен Израел.

Медиумите известуваат дека од понеделникот вечерта во израелските градови не запираат звуците на сирените за тревога од воздушен напад.

Директорот на израелската служба за итна помо Ели Бин изјави дека во градот Ашкелон во текот на ракетниот напад на палестинските милитанти загинале две жени.

Хамас соопшти дека околу пладнето во вторникот во петминутен баражен оган истрелал 137 ракети врз крајбрежните градови Ашкелон и Ашдод, јужно од Тел Авив. На телеливизиските снимки се гладаат најмалку две куќи во пламен. Во Ашкелон било погодено училиште, а наставата е прекината.

Израелската полиција објави дека во ракетните напади врз јужен Израел е рането 31 лице.

Израел по овој напад возврати со воздушни удари во Газа, каде здравствените служби наведуваат дека од 27-те жртви девет се деца.

Израел ги оспорува овие податоци и тврди дека во возвратната воена операција се убиени 15 борци на Хамас и тројца команданти на Исламски џихад, како и дека третина од 250 палестински ракети истрелани ноќта во понеделникот и утрото во вторникот паднале експлодирален порано што предизвикало жртви меѓу палестинските цивили.

Најжестокиот судир меѓу вооружените фракции во Газа, каде што на власт е исламистичкото движење Хамас, и Израел од 2019 година започна во понеделникот со судирот меѓу Палестинците и израелската полиција на платото пред џамијата Ал Акса во источен Ерусалим.

Ова инаку е првпат по 2014 година Хамас да истрелува ракети врз Израаел.

Израелско-палестинските тензии во Ерусалим ескалираа во текот на муслиманскиот месец на постот рамазан, со спорадични судири на Платото на џамиите (или Брдото на храмот, како што го нарекуваат Евреите) и најавите за иселување на Палестинците од домовите во квартот Шеик Џара каде што прави полагаат израелските доселеници. Станува збор за долгогодишна судска борба којашто придонесува за тензиите.

На ескалацијата на судирите реагираше и американкиот државен секретар Ентони Блинкен кој порача дека нападите од Газа врз Израел мора „веднаш“ да престанат. Двете страни ги повика да преземат чекори за намалување на напнатоста.