Фудбалерите на Лестер Сити првпат го освои најстарото клупско натпреварување во светот англискиот ФА Куп откако во финалето во саботата со минимални 1:0 го совладаа Челзо.
Погодокот кој ја испиша клупската историја на Лестер Сити го постигна Белгиециот Јури Тиелманс во 63 минута со прекрасен удар од голема дистанца,
Бекот на Лестер, Вес Морган, можеше да биде трагичар на дуелот откако во последните моменти од мечот постигна автогол, но по проверката на ВАР-от, поради офсајд Бен Чилвел.
Победата на „Лисиците“ е своевидно изненадување имајќи ги предвид променливите игри последните кола, као и тоа што Челзи беше фаворит и во добра серија со којашто стаса и до финалето на Лигата на шампионите. Но тимот на Тујел го одигра еден од најслабите натпревари оваа сезона. Истовремено, ова е првиот пораз на германскиот требер откако го презема лондонскиот тим.
Лестер е 44-от клуб кој го освоил ФА Купот и тоа во своето четврто финале, а последнити пред ова ги играше дури пред 51 година.