Јани Бојаџи, управител на телевизија Алфа во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за упадот кој се случи пред неколку дена во телевизија Алфа и посочи дека откако тој е управител на оваа телевизија пристисоците од страна на државните институции не престануваат.
„Јас сум овде околу 17-18 месеци и откога сум туку тие притисоци од страна на институциите на државата не престанале. Минатата годиниа имавме две контроли од страна на Упавата за јавни приходи, исто така, откога сум јас директор ние сме предавале две завршни сметки, сме направиле две ревизии и сме немале никакви забелешки. На крајот мислам дека Алфа телевизизија беше единствена национална телевизија кој минатата година покажа добивка и плативме уредно данок за тоа, истт така ги плаќаме и сите други редовни даноци, работиме согласно законот. Пред два месеци ние имавме финансиска полиција која треба да се бави со контрола на нашето финансиско работење, ние не сме компанија која има малопродажба, која секој ден нешто продава или купува па да имаме не знам колкав обем на финансико работење на дневно ниво“, рече Бојаџи.
Во врска со упадот од страна на финасиската полиција во Алфа телевизија, укажа дека сето тоа што го побарала финасиската полиција за него било многу шокантно.
„Финасиската полиција пред два месеца, преку нашето сметководство побараа увид во нашето надворешно трговско работење, што не е спорно. Нашето сметководство им доставило за бараните месеци и за бараниот период договори за работа со конкретни наши соработници од странство. Откако ги добиле договорите не биле задоволни, побарале фактури и сметководството и за тоа им испорача фактури. Јас за ова воопшто не кренав паника, затоа што ние немаме што да криеме. Но работите излегоа од контрола, во моментот кога финансиската полиција побара од нашето сметководство на увид да и се достават предметите односно содржините кои ние сме ги произведувале за периодот за кој тие се интересираат за нашето финасиско раборење“, додаде првиот човек на ТВ Алфа.
„Тие побара од нас да им доставиме какви емисиии сме произведувале, какви програми, какви продукции, кои се водители, што се зборува во тие емисии. Ова за мене беше многу шокантно и навистина бев шокиран“, додаде Бојаџи.