Белгиските власти во средата привремено го суспендираа вакцинирањето против коронавирусот со вакцината на корпорацијата „Jаnssen“, која ја произведува фармацевтската компанија „Johnson&Johnson“, за помладите од 41 година, бидејќи жена починала по имунизацијата со овој препарат.
„Меѓуминистерската конференција одлучи привремено да го запре вакцинирањето со ‘Janssen’ за граѓаните помладите од 41 година додека не пристигне подеталната анализа за ползата и ризиците од ЕМА (Европската агенција за лекови)“, се наведува во соопштението на белгиските власти задолжени за јавното здравство.
Жена помлада од 40 години починала на 21-ви мај. Претходно била хоспитализирана поради тежок случај на тромбоза и недостиг од трпомбоците, се наведува во соопштението.
Била вакцинирана преку својот работодавач и надвор од официјалната белгиска кампања за имунизација на населението.
Досега во Белгија се испорачани 40.000 дози од вакцината на „Janssen“, а 80 отсто од дозите се инјектирани на лица повозрасни од 45 години, се додава во соопштението.
Од „Johnson&Johnson“ на 20-ти април објавија дека ќе ја продолжат испораката на вакцините во Европската унија, но со предупредување на етикетата, откако некои земји, меѓу кои беше и Белгија, побараа привремено користење на оваа вакцина поради ретките случаи крвни згрутчување по вакцинирањето. Компанијата тврди дека не е утврдена јасна причинско-последична вреска мешу згрутчувањата и вакцините, а EMA истакнува дека ползата е поголема од ризикот, и покрај десетиците вакви смртни случаи од разните вакцини.
Вакцината на „Janssen“, која се дава само во една доза, во Белгија главно се користи за вакцинирањето на повозрасните во нивните домовои и за ранливите групи, како што се бездомниците и мигрантите без документите.
Белгија побарала совет од ЕМА за процената на врската меѓу смртта на жената и вакцината на „Janssen“, но не кажува кога го очекува конечното мислење на европската агенција.